Adam Abu-bashal
17 Јуни 2021•Ажурирај: 23 Јуни 2021
АБУЏА (АА) - Зголемувањето на цените на храната во западноафриканската држава Нигерија минатата година доведе во сиромаштија 7 милиони луѓе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот, објавен од страна на канцеларијата на Светска банка во Абуџа, се вели дека во Нигерија е попречен растот на економијата, зголемени се инфлацијата, несигурноста, невработеноста, а исто така закочени се и реформите.
Истакнато е дека околу 7 милиони Нигеријци се во сиромаштија во 2020 година поради зголемената инфлација и растот на цените на храната во земјата.
Марко Хернандез, еден од авторите на извештајот, наведе дека инфлацијата во земјата ја зголеми цената на храната, сиромаштијата и несигурноста на храната.
Од друга страна, нигерискиот претседател Мухамед Бухари на 12 јуни рече дека Владата спасила 10,5 милиони Нигеријци од сиромаштија во последните две години.
Бухари, меѓу другото, наведе дека Владата обезбедува можности за работа на земјоделците, занаетчиите, жените и малите трговци.