Gözde Bayar
09 Ноември 2019•Ажурирај: 09 Ноември 2019
БУЕНОС АИРЕС (AA) - Поранешниот претседател на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, е пуштен од затвор, во кој се наоѓал од април 2018 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Бразил пресуди 74. годишниот Да Силва да биде пуштен со образложение дека ниту еден граѓанин не може да биде задржан во затвор додека за својата пресуда не ги искористи сите постоечки законски можности на жалби до повисоките судски инстанци.
Сепак, уште се процесуира жалбата на Да Силва на пресудата со која е осуден на затворска казна, што е поврзана со бесплатното обновување на неговиот апартман на плажата во државата Сао Пауло.
Да Силва издржуваше 12-годишна казна од 2018 година. Поранешниот претседател на Бразил е обвинет за перење пари и корупција.