Zylfije Adem Jakupi
21 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
ПРИШТИНА
Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во земјата е регистиран уште еден нов случај на заразување со коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа тестирани се 145 примероци сомнителни на коронавирус, од кои еден е позитивен.
Од почетокот на епидемијата во Косово се тестирани вкупно 12.551 лица, од кои 1.004 биле позитивни. Од регистрираните случаи на Ковид-19, починаа 29 лица, додека 772 се опоравија.