Hasan Esen
12 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
ЛОНДОН
Светската здравствена организација (СЗО) информира дека на светско ниво, најголемиот број починати од епидемијата на новиот тип коронавирус, Ковид-19, се стари лица или луѓе кои претходно боледувале од кардиоваскуларни болести, дијабетес, карцином, јавува Агенција Анадолија (АА).
Статистичките податоци поврзани со епидемијата на вирусот Ковид-19 ги објавува интернет-страницата worldometers.info, на која според последните информации се гледа дека на светско ниво од овој вирус се заразени 129.185 лица, а 68.657 се излекувани.

Лекарскиот третман го продолжуваат 55.779 пациенти, од кои 90% се полесно болни, додека 5.711 лица се наоѓаат во критична состојба.
Од последици предизвикани од вирусот Ковид-19 животот го загубија 4.749 лица, од кои најголемиот дел се повозрасни.
Меѓу починатите, 14,8% се лица на 80 и над 80-годишна возраст, 8% од починатите се на возраст од 70 до 79 години. Меѓу починатите 3,6% се лица на возраст од 60 до 69 проценти, додека 1,3% од починатите се на возраст од 50 до 59 години.
Процентот на починати лица на возраст од 40 до 49 години изнесува 0,4%, а смртноста на лицата во опсег од по 10 години се намали до 0,2%. Досега не се забележани случаи на смртност на деца од 0 до 9 години.
Интересен е фактот дека кај починатите се забележани и други болести. Според тоа, меѓу починатите 10,5% се лица со кардиоваскуларни болести, 7,3% боледувале од дијабетес, 6,3% имале хронични респираторни заболувања, 6% боледувале од висок крвен притисок, додека 5,6% имале карцином.
Забележано е дека процентот на починатите кои претходно немале никаква болест изнесува 0,9%.