Emre Aytekin
12 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
АНКАРА (АА) – Социјалната мрежа Твитер им наложи на своите вработени низ целиот свет да работат оддома, поради новиот вид коронавирус Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Твитер се наведува дека целиот персонал на компанијата низ светот ќе работи оддома до понатамошна нова одлука.
Се додава дека компанијата ќе ги исплати трошоците што вработените ги прават за да формираат канцеларија во нивните домови, а на вработените со договори и скратено работно време ќе им бидат исплатени вообичаените плати за час работа.
Твитер оваа недела го советуваше својот персонал да работи оддома, но без тоа да биде задолжително.
Компанијата е со седиште во Сан Франциско, во американската сојузна држава Калифорнија, и има 4.900 вработени низ целиот свет.