Yusuf Hatip
12 Март 2020•Ажурирај: 17 Март 2020
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) ја повика Грција да го почитува правото на азил, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Илва Јохансон, членка на Европската комисија одговорна за внатрешни работи, се осврна на наводите дека азилантите кои сакаат да ја преминуваат границата во Грција се наоѓаат на тајни места без судска постапка, што претставува кршење на меѓународното право, објави „Гардијан“ (Guardian).
Јохансон рече дека таа во текот на средбата со грчките власти ќе разговара за ова прашање.
„Би сакала да знам повеќе за ваквите центри за привремен притвор. Се разбира, можете привремено да приведете некого, но не можете да користите насилство“, рече Јохансон.
Нагласи дека луѓето во границите на Европската Унија имаат право на азил, дека тоа е дел од меѓународното право и дека такво нешто е невозможно да се суспендира.