БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за големиот број смртни случаи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа, Ковид-19 е причина за смртта на 2.037 лица во Бразил, 274 во Мексико, 447 во Аргентина, 577 во Колумбија, 191 во Перу, 107 во Чиле, 21 во Еквадор, 68 во Боливија, 138 во Парагвај, 23 во Гватемала и на 50 лица во Уругвај.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 2.037 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 486.272.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 78.700, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 17.374.818.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 15.761.177 лица претходно позитивни на Ковид-19.
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 274 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 3.649 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 230.097 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.452.469. Досега во оваа земја оздравеа 1.952.382 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 447 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 85.075. Во истиот период детектирани се 18.057 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.111.147.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.695.288 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 9. место во светот.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 577 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 95.192.
Во последното деноноќие детектирани се 29.998 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.724.705. Во оваа земја досега оздравеа 3.457.117 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 11. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 191 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.772 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2 милиони, од кои животот го загубија 188.443 лица, а оздравеа над 1.958.674 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на петтото место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 107 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 30.579.
Во истиот период регистрирани се нови 7.642 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.468.992, а оздравеа вкупно 1.391.016 лица претходно заразени со коронавирусот.
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 21 смртен случај, вкупно 21.018 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 987 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 438.108.
Досега во Еквадор оздравеа 329.582 лица што биле позитивни на коронавирусот.
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 68 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 2.056.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 405.437, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 15.485. Досега оздравеа 319.666 лица позитивни на коронавирусот.
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 138 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 1.963 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 389.650, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 10.699.
Досега оздравеа 322.269 лица позитивни на коронавирусот.
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 23 смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19, вкупно 8.439 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 1.823 новозаразени, зголемувајќи го вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 на 271.131.
Досега во оваа земја оздравеа 245.610 лица што биле заразени со коронавирусот.
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 50 лица од последиците на заразеност со коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 4.956.
Во истиот период детектирани се 2.999 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 336.470 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 296.855 заразени со Ковид-19.
news_share_descriptionsubscription_contact
