Zehra Ulucak
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
АНКАРА
Над 15 милиони лица се позитивни на тестот на новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците објавени на интернет страницата „Worldometer“, 15.099.548 се позитивни на коронавирусот.
САД е земја во која е е детектиранан најголем број на лица позитивни на Ковид-19, вкупно 4.012.188.
По САД земји со најголем број на лица кај кои е детектирана заразеност со коронавирусот се Бразил (2.129.53), Индија (1.194.085), Русија (783.328), Јужноафриканска Република (381.798), Перу (357.681), Мексико (349.396), Чиле (334.683), Шпанија (313.274), Велика Британија (295.817), Иран (278.827), Пакистан (266.096), Саудиска Арабија (255.825) и Италија (244.752). Во Турција регистрирани се 221.500 лица позитивни на Ковид-19.
Земји со бројка на заразени со коронавирусот над 70.000 се:
Бангладеш (210.510), Колумбија (204.005), Германија (203.846), Франција (177.338), Аргентина (130.774), Канада (111.508), Катар (107.430), Ирак (97.159), Индонезија (89.869), Египет (89.078), Кина (83.693), Шведска (78.166), Еквадор (74.620), Казахстан (73.468) и Филипини (70.764).
Новиот тип на коронавирус за првпат се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на минатата година, по што се рашири во повеќе од 200 земји и региони од светот.
Од последици на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 619.605 заразени.
Од заразените со коронавирусот оздравеа 9.116.277 лица, а сѐ уште се лекуваат 5.363.666 заболени.