Erdoğan Çağatay Zontur
22 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
АНКАРА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со германската канцеларка Ангела Меркел за случувањата во Сирија и Либија, како и борбата против Ковид-19, соопштува Директоратот за комуникации на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Директоратот за комуникации се вели дека Ердоган и Меркел разговарале и за билатералните односи, економијата и туризмот.
Во април 2019 година, нелегитимните сили на Хафтар започнаа напади врз либискиот главен град Триполи и други делови на северозападна Либија, во кои загинаа над 1.000 лица, меѓу кои жени и деца.
Силите на либиската легитимна Влада неодамна остварија значајни победи, протерувајќи ги силите на Хафтар од Триполи и стратешкиот град Тархуна.
Владата на национално единство на Либија е меѓународно признаена од страна на Обединетите нации (ОН), додека Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот од Либија, поддржан е од страна на Русија, Франција, Египет и ОА