Behlül Çetinkaya
18 Јуни 2020•Ажурирај: 18 Јуни 2020
АНКАРА
Министерството за здравство на Пакистан објави дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани 118 смртни случаи од последици предизвикани од заразеност со коронавирусот, со што вкупниот број на лица кои починаа од Ковид-19 се зголеми на 3.093, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа извршени се 31.500 тестирања, на кои 5.358 лица биле позитивни на коронавирусот, зголемувајќи го вкупниот број на заразени на 160.118.
Досега во Пакистан се изведени 982.012 тестови.
Првиот случај на заразеност со Ковид-19 во Пакистан е регистриран на 26 февруари, а досега оздравеа 59.215 заразени со Ковид-19.