Bojana Stojanovic
18 Јуни 2020•Ажурирај: 18 Јуни 2020
БЕЛГРАД
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска допатува во посета на Белград, за време на која се состана со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Лавров на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград го дочека шефот на дипломатијата на Србија, Ивица Дачиќ, со кого Лавров ќе се состане подоцна во текот на денот, и тие заедно ќе положат венци на Меморијалниот комплекс „Ослободителите на Белград“ и Црвената армија.
Потоа се состана со претседателот на Србија, со кого имаше и заедничка прес-конференција.
Исто така, Лавров и министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, денеска ќе потпишат договор меѓу владите на Србија и Русија за соработка во борбата против тероризмот.