Muhammed Emin Canik,Zehra Ulucak,Muhammet Nazım Taşcı
21 Јуни 2020•Ажурирај: 21 Јуни 2020
БУЕНОС АИРЕС/АНКАРА (АА) – Како последица на новиот вид коронавирус, Ковид-19, во последните 24 часа во Бразил починаа 1.022 лица, во Мексико 387, додека во Индија 306 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на Министерството за здравство на Бразил, во последните 24 часа во земјата регистрирани се 36.666 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на случаи се зголеми на 1.067.579.
Во изминатите 24 часа како последица на вирусот починаа 1.022 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 49.976.
Жариштето на Ковид-19 во Бразил е Сао Пауло, кој има 46 милиони жители.
Во Сао Пауло со Ковид-19 се заразени 215.793 лица, од кои 12.494 лица ја изгубиле борбата со вирусот.
По Сао Пауло, најмногу случаи се забележани во Рио де Жанеиро, каде што се заразени 95.537 лица, од кои 8.824 починале.
Бразил, кој воедно е и епицентар на заразата во Латинска Америка, стана втора земја во светот по бројот на заразени и починати од Ковид-19, по САД.
- Во Мексико од Ковид-19 во последните 24 часа починаа 387 лица -
Во Мексико во последното деноноќие регистрирани се 387 нови смртни случаи од последиците на Ковид-19, со што вкупниот број на починати изнесува 20.781.
Според Министерството за здравство на Мексико, бројот на случаи со Ковид-19 во земјата се искачил на 175.202, со зголемување од 4.717 во последните 24 часа.
Бројот на излекувани пациенти во земјата од вирусот достигна 131.686.
Првиот случај на Ковид-19 во Мексико е регистриран на 28 февруари, а првиот смртен случај од Ковид-19 на 19 март.
- Во Индија од коронавирусот во последните 24 часа починаа 306 лица -
Во Индија во последните 24 часа потврдени се 15.413 случаи на Ковид-19, а починаа 306 лица.
Според вестите на НДТВ (NDTV), Министерството за здравство на Индија соопштило дека во последните 24 часа во земјата се регистрирани нови 15.413 случаи со Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени со вирусот се зголеми на 410.461.
Од Министерството информираат дека од Ковид-19 во изминатите 24 часа починале 306 лица, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 13.254.
Бројот на излекувани од Ковид-19 во земјата се искачи на 227.756.
Според веб-страницата „Worldometer“, која ги прикажува податоците за Ковид-19 од земјите во светот, Индија е на четврто место по број на евидентирани случаи на Ковид-19.