Islam Doğru
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
ЊУЈОРК
Бројот на починатите од Ковид-19 во САД во последните 24 часа се зголеми за 1.142 лица, на вкупно 68.636, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со повеќе од 1,18 милиони случаи на заразување, САД се земја со најголем број на потврдени случаи.
Податоците на интернет страницата „Worldometer“ на која се достапни податоци за епидемиолошката ситуација во svetot, наведува дека во последните 24 часа бројот на позитивни на Ковид-19 во САД е зголемен за 27.750, со што вкупниот број е зголемен на 1.189.914.
По САД следуваат Шпанија со 248.301 заразени, Италија 210.717 и Велика Британија 186.599.
На интернет страницата „Worldometer“ објавен е податокот дека во послените 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починале уште 1.142 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во САД сега изнесува 68.636.
Њујорк со детектирани 323.883 случаи на заразување и 24.648 смртни случаи претставува најпогодена сојузна држава во САД. Следуваат Њу Џерси со 127.438 заразени и Масачусетс со 68.087 случаи на лица кои биле позитивни на тестот на новиот тип на коронавирус.
Досега во САД се тестирани 7,2 милиони лица, а бројот на оздравени лица е зголемен на 178.671.