Gökhan Kurtaran
04 Мај 2020•Ажурирај: 05 Мај 2020
ЛОНДОН (АА) – Министерот без ресор задолжен за трговски политики во Велика Британија, Конор Брнс, соопшти дека поднел оставка од функцијата министер, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во извештајот подготвен како резултат на истрагата од страна на Комитетот за стандарди на британскиот Парламент се наведува дека таткото на Брнс му се заканил на доверител поради неговите исплати на заем.
Откако извештајот беше доставен до британската Влада, државниот министер Брнс соопшти дека поднел оставка од функцијата министер.
Релевантната комисија на британскиот Парламент по поднесената жалба започна истрага за наводите.