Emre Aytekin
26 Ноември 2020•Ажурирај: 27 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Бројот на оздравени од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во светот надмина 42 милиони, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според интернет страницата „Worldometer“, 42.031.578 лица во светот успеаја во битката против оваа пандемија.
Првите три земји во светот каде се регистрирани најмногу случаи со Ковид-19, во истовреме се и трите земји каде што се регистрирани и најмногу оздравени лица.
Од Ковид-19 во Индија оздравеа 8.679.138 лица, во САД 7.805.280 лица и во Бразил 5.512.847 лица.
По овие три земји, следуваат Русија со 1.660.419 оздравени, Аргентина со 1.217.284 оздравени и Колумбија со 1.174.959 оздравени лица.
Меѓу другото, во Турција заклучно со 23 ноември регистрирани се 385.480 оздравени лица.
Инаку, во светот се откриени над 60,7 милиони случаи на Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 1.426.834 лица. Во светот се наоѓаат 17.262.089 лица кои се во процес на лекување.