Firdevs Bulut,Sena Güler
20 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
АНКАРА
Во Турција денес се потврдени 123 смртни случаи од Ковид-19 во текот на изминатите 24 часа, со што вкупниот број на починати изнесува 2.140, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турскиот министер за здравство, Фахредин Коџа на социјалната мрежа Твитер објави дека вкупниот број на регистрирани случаи од Ковид-19 се искачил на 90.980, со што 4.674 нови лица се тестирани позитивни на вирусот.
„До сега, вкупно 13.430 лица се излекувани и се пуштени од болница, при што само 1.454 пациенти се пуштени од болница денес“, додаде Коџа.
Тој исто така изјави дека во текот на изминатиот ден се направени 39.703 тестови, со што вкупниот број на направени тестови изнесува 673.980.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на заразата кон Европа и САД.
Во светот се регистрирани над 2,4 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот изнесува над 167.000.