Handan Kazancı
12 Март 2020•Ажурирај: 12 Март 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на починати од коронавирусот во Кина се искачи на 3.172 лица, соопшти кинеската Национална комисија за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Комисијата истакна дека во последните 24 часа починале 11 лица, додека регистрирани се 15 нови случаи.
Во Кина моментално има 80.739 регистрирани случаи со коронавирус, додека 13.701 лице се наоѓат во болниците под медицински надзор.
Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, за првпат беше откриен минатиот декември во Вухан, Кина, но оттогаш се прошири во над 114 земји.
Според СЗО, од коронавирусот досега починаа над 4.600 лица, а во над 114 земји во светот се регистрирани над 125.000 потврдени случаи со вирусот.
Светската здравствена организација (СЗО) прогласи глобална пандемија.