Emre Aytekin
31 Март 2020•Ажурирај: 01 Април 2020
АНКАРА
Според податоците добиени од американскиот универзитет „Џонs Хопкинс“, вкупната бројка на починати од Ковид-19 во светот денес се искачи над 40.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
По епидемијата во Вухан која се појави во декември минатата година, вирусот неодамна се прошири во уште најмалку 179 земји и региони низ светот, а бројот на потврдени случаи надмина бројка од 823.000.
Повеќе од 174.000 лица кај кои е дијагностициран вирусот се излекувале.
Италија, Шпанија, Кина и Иран остануваат најпогодени земји од вирусот.
Во САД се детектирани најголем број на потврдени случаи чија бројка изнесува повеќе од 165.000, а бројот на починати од вирусот изнесува 3.178.
Во Италија се детектирани најголем број на смртни случаи од вирусот, со 12.428 жртви, по која следуваат Шпанија со 8.260 и Кина со 3.309 смртни случаи.
Во Иран се детектирани 2.898 смртни случаи од последиците на вирусот.
Многу земји ги суспендираа своите летови од најпогодени места во светот и прогласија вонредна состојба и ограничување на движењето откако Светската здравствена организација прогласија пандемија и Европа за нов епицентар на пандемијата.