БРИСЕЛ (АА)
- Јусуф ХАТИП
Забрзаното проширување на епидемијата на новиот тип на коронавирусот Ковид-19 низ Европа предизвика голем број од земјите од стариот континент делумно или во целост да ги затворат своите граници, со што се нарушува Договорот од Шенген за слободно движење, кој е еден од темелите на Европската Унија (ЕУ).
Додека бројот на детектирани случаи на коронавирусот во светот се доближи до бројката од 200.000, Европа која стана „епицентар“ на оваа криза, продолжува со преземањето превентивни мерки со цел да се спречи понатамошното проширување на епидемијата.
Некои земји од Европа, за да го запрат поголемото ширење на вирусот, донесоа „решенија за изолација“, со кои социјалниот живот е запрен, а има и земји кои како дел од превентивните мерки ги затворија своите граници.

Европските земји кои во 2015 година минаа низ тежок испит поради бегалската криза, во тој период донесоа одлука за затворање на границите, суспендирајќи го Договорот од Шенген, кој е еден од основите на проектот Европска Унија (ЕУ).
Договорот од Шенген кој овозможува слободно движење, сега е под закана поради Ковид-19.
ЕУ вчера донесе одлука со која во период од 30 дена се воведува „забрана за патување“ на државјани од трети земји, што значи дека земјите членки на ЕУ ги затворија своите граници во двете насоки, и за влез и за излез.
- Германија, Франција, Шпанија
Германија, Данска, Луксембург, Франција, Австрија и Швајцарија соопштија дека ќе ги затворат своите граници, но ќе го дозволат комерцијалниот транзит.
По Италија, Шпанија е втората земја од Европа најпогодена од Ковид-19 која ги затвори сите копнени граници.
Франција само ги заостри граничните контроли.
- Чешка, Полска, Словачка
Стравот од Ковид-19 кој секојдневно расте во Европа, е причина поради која Чешка ги затвори своите граници за 15 земји.
Кина, Јужна Кореја, Иран, Италија, Шпанија, Австрија, Германија, Швајцарија, Шведска, Норвешка, Холандија, Белгија, Велика Британија, Данска и Франција се земјите за кои е забранет влезот во Чешка, а во исто време на државјаните на Чешка им е забрането да патуваат во овие земји.
Додека во земјата се спроведува општа забрана за патувања, и државјаните на Швајцарија и Норвешка кои не се членки на ЕУ, но се дел од Шенген-системот, не се во можност да влезат во Чешка.
Словачка донесе одлука за воведување на општа забрана за патување, но наведе неколку исклучоци.
Полска го забрани влезот за странците во земјата, го запре националниот воздушен и железнички сообраќај и повторно започна да ги контролира граничните премини. Се дознава дека на полско-литванската граница е формирана колона во должина од 60 километри
- Грција, Летонија, Литванија
Грција ги запре летовите од Италија и Шпанија, а ги откажа и патувањата кон Италија со ферибот.
Летонија ги затвори границите за сите оние кои немаат дозвола за престој, додека Литванија донесе одлука со која на сите странци им се забранува влез во земјата.
- Данска, Норвешка, Холандија
Норвешка објави дека ќе започне со контрола на границите, соопштувајќи дека на аеродромот Осло нема да прима патници кои не се од скандинавските земји.
Данска ги затвори сите врати за туристите до 13 април, а исклучок се државјаните на Данска и странците без дозвола за престој. Сите останати лица ќе бидат вратени од границата.
Холандија ги запре сите летови од Италија.
- Австрија, Швајцарија, Естонија
Раководството од Виена соопшти дека повторно воведува гранична контрола на копнениот и железничкиот транспорт со Италија, Швајцарија и Лихтенштајн. Покрај тоа, Австрија ги откажа летовите во двата правца, од и кон Италија, Швајцарија, Шпанија и Франција.
Швајцарија објави дека освен исклучителни случаи, нема да пушти никого од границата со Италија.
И Естонија објави дека ќе започне со контрола на границите.
- Словенија, Словачка, Малта
Словенија спроведува здравствена контрола на граничните премини со Италија.
Словачка привремено ги затвори сите меѓународни аердороми, а откажани се и сите меѓународни автобуски и железнички патувања.
Владата на Малта ги затвори своите врати за патниците кои доаѓаат од Италија, Германија, Франција, Шпанија и Швајцарија.