Islam Doğru
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
ЊУЈОРК
Последните 24 часа од последици предизвикани од заразеност со новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во САД починаа 943 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во оваа земја се зголеми на 54.877, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД е земја најпогодена од заразата предизвикана од новиот тип на коронавирус (Ковид-19). Станувајќи епицентар на заразата во светот, таа е земја со најголем број на смртни случаи и заразени лица.
Според информациите што ги објави универзитетот Џонс Хопкинс, последните 24 часа во САД се регистирани нови 26.702 случаи на заразеност, со што вкупниот број на лица позитивни на тестот на Ковид-19 изнесува 965.951.
Во последното деноноќие забележани се уште 943 нови смртни случаи, со што вкупниот број на починати достигна бројка од 54.877.
По САД следат Шпанија со 229.422 детектирани лица позитивни на Ковид-19, Италија со 197.675 и Франција со 162.220.
- Епицентар на заразата е Њујорк
Сојузната држава Њујорк има најголем број на регистрирани случаи на заразеност и смртни случаи и претставува најпогодена сојузна држава во САД. Следат Њу Џерси и Масачусетс.
Во Њујорк се регистрирани 288.045 лица позитивни на тестот на Ковид-19, додека од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 животот го загубија 22.269 лица.
Во изминатиот период во САД се направени 5.441.079 тестови на Ковид-19, а излекувани се 107.045 лица кои биле заразени од новиот тип на коронавиирусот.
Во болниците низ САД продолжува лекувањето на 126.647 лица.