Serdar Bıtmez,Mehmet Nuri Uçar
27 Април 2020•Ажурирај: 28 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Саудиска Арабија е укината смртната казна за кривични дела сторени од страна на малолетници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение обавено на Твитер ја потврди Комисијата за човекови права на Саудиска Арабија.
Во соопштението се нагласува дека со новодонесениот кралски декрет се укинува смртната казна за кривични дела сторени од малолетни лица.
„Со овој декрет, лицето на кое му била изречена смртна казна поради кривично дело сторено на малолетна возраст, нема да биде егзекутирано, но ќе добие затворска казна до 10 години“, истакна Авад бин Салих ел Авад, претседател на оваа комисија.
Во Саудиска Арабија во изминатите денови беше укината и казната за камшикување за некои кривични дела, и наместо тоа беше донесена одлука за затворска казна.