Gamze Türkoğlu Oğuz
23 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
АНКАРА (АА) - Просечната стапка на смртност во кинескиот град Вухан, каде што за првпат беше евидентиран новиот вид коронавирус Ковид-19, изнесува 1,4 проценти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Резултатите од истражувањето за стапката на смртност во градот Вухан, објавени се во списанието „Nature Medicine“, според кои, просечната стапка на смртност од новиот вид коронавирус во Вухан изнесува 1,4 проценти.
Во истражувањето се наведува и дека ризикот од смрт кај постарите лица е поголем, така што кај лицата постари од 60 години стапката на смртност изнесува 2,6 проценти, кај лицата на возраст од 30 до 59 години стапката е 0,5 проценти, додека кај лицата помлади од 30 години стапката на смртност изнесува 0,3 проценти.
Кинеските власти претходно соопштија дека просечната смртност од Ковид-19 изнесува од 2 до 3 проценти.
Ковид-19 за првпат се појави во декември 2019 година во Вухан, во кинеската покраина Хубеј, и за кратко време се рашири низ целата земја и во странство.
Светската здравствена организација (СЗО) поради Ковид-19 прогласи пандемија, како резултат на рапидно растечкиот број на смртни случаи и случаи на Ковид-19 во многу земји во светот.