Elena Teslova
10 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
МОСКВА
Во текот на изминатите 24 часа во Русија се регистрирани 1.786 нови случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на заразени лица со вирусот изнесува 11.917 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Исто така починаа уште 18 лица, со што вкупниот број на починати изнесува 94“, се соопштува од тимот за вонредни состојби.
„Вкупно 795 лица се пуштени од болница откако се излекувале“, се вели во соопштението.
Според официјалните податоци, речиси половина од новозаразените лица се на возраст под 45 години.
Москва останува епицентар на Ковид-19 во Русија со 1.124 нови случаи.
Вирусот Ковид-19 најпрвин се појави во Вухан, Кина, во декември 2019 година и досега се рашири во 200 земји низ светот, пренасочувајќи го епицентарот на вирусот во Европа.
Во светот се регистрирани над 1,6 милиони потврдени случаи на вирусот, а бројот на смртни случаи во светот е повеќе од 95.000. Речиси 354.000 пациенти се излекувани.