Islam Doğru
10 Април 2020•Ажурирај: 11 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.878 лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 16.686 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во САД, кои се наоѓаат на врвот на листата на земјите каде што се откриени најмногу случаи на Ковид-19 во светот, секој ден се зголемува бројот на случаи и починати.
Според последните податоци објавени од страна на Универзитетот „Џонс Хопкинс", во последните 24 часа со Ковид-19 заразени се уште 33.861 лицe, со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 466.299 лица.
Во последните 24 часа починале уште 1.878 лица од оваа пандемија, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 16.686 лица.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 157.022 случаи, и Италија со 143.626 случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк со 161.807 случаи и 7.067 починати се наоѓа на врвот на листата на сојузните држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус. По Њујорк следуваат Њу Џерси (51.027 случаи, и 1.709 починати) и Мичиген (21.504 случаи, и 1.076 починати).
Во САД над 26.000 пациенти заразени со Ковид-19, се излекувани. Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, денес излекувани се 1.112 лица од овој вирус, со што вкупната бројка на излекувани лица изнесува 26.522.