Elena Teslova
01 Јули 2021•Ажурирај: 02 Јули 2021
МОСКВА
Во изминатите 24 часа во Русија од последиците на заразувањето со коронавирусот починаа 672 лица, што е трет ден по ред да е забележан најголем дневен број смртни случаи од почетокот на пандемијатата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Федералниот кризен штаб на Русија соопшти дека во изминатите 24 часа во таа земја се потврдени 23.543 нови случаи на заразување со коронавирусот, што е најголем број на новозаразени во еден ден од средината на јануари.
Бројот на заразени со коронавирусот од почетокот на пандемијата во Русија се зголеми на 5,53 милиони, а бројот на смртни случаи, на 135,886. Моментално во Русија има 384,935 активни случаи на заразување со коронавирусот, а оздравени се повеќе од 5 милиони луѓе.
Во Москва во изминатиот ден се потврдени 7.597 нови случаи на заразување, а во главниот град на Русија денеска се активира обновената програма на имунизација на населението.
Зголемувањето на бројот на заразени во Русија во изминатите неколку недели го предизвика појавата на индиската варијанта на коронавирусот, Делта, која значително побрзо се шири.
Русија не може да се пофали ни со добра имунизација, со оглед на тоа што досега барем една доза од вакцината прими само 11,8 отсто од полнолетната популација. Кампањата нема очекуван резултат ни откако рускиот претседател Владимир Путин изјави дека лично ја примил руската вакцина „Спутник Ве“ и ги повика граѓаните да го направат тој клучен чекор во борбата против пандемијата.