Islam Doğru
23 Јуни 2020•Ажурирај: 23 Јуни 2020
ЊУЈОРК
Во последните 24 часа од последиците на Ковид-19 во САД починаа 400 лица, со што бројот на починатите е зголемен на 122.659, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД продолжува да биде земја со најмногу починати од вирусот.
Последните податоци на „Worldometer“, на која се достапни информации за епидемиолошката ситуација во светот, се наведува дека бројот на заразените во последните 24 часа е поголем за 32.493 и изнесува 2.389.816.
Бројот на починатите во последните 24 часа е зголемен за 400 и изнесува 122.659.
По САД следуваат Бразил со 1.113.606 лица позитивни на коронавирусот, Русија со 599.705 и Индија со 441.948.
И покрај трендот на пад во бројот на новозаразените и нови смртни случаи на дневно ниво, Њујорк и понатаму е најпогодена сојузна држава во САД.
Во Њурјок досега се заразени 411.972 лица, а починаа 31.268.
Следуваат Калифорнија со околу 185 илјади случаи и Њу Џерси со повеќе од 172 илјади случаи.
Во САД на присуство на Ковид-19 се извршени околу 29 милиони тестирања, додека бројот на оздравени надмина милион.