Mehmet Tosun
23 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
АНКАРА (АА) - Најмалку 5 лица се убиени, а 12 невини цивили се повредени во терористички бомбашки напад извршен од страна на ПКК/ЈПГ во подрачјето на операцијата „Извор на мирот“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во објавата на твитер-профилот на Министерството за национална одбрана на Турција се наведува дека ПКК/ЈПГ продолжува да ги напаѓа невините Сиријци и дека во терористички бомбашки напад во Тел Халаф загинале најмалку 5 цивили.
Во нападот изведен врз деловен објект во Тел Халаф повредени се 12 невини цивили.