Betül Yürük
15 Јули 2020•Ажурирај: 15 Јули 2020
ЊУЈОРК
Во Соединетите Американски Држави (САД) во тек е последната фаза од првата потенцијална вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19), а која веќе започна да се тестира на луѓето, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истражувањето објавено во списанието „Њу Енгланд џурнал оф медицин“ (New England Journal of Medicine) се наведува дека вакцината, развиена во соработка на американската фармацевтска компанија „Модерна“ и Националниог институт за алергија и заразни болести, која веќе е тестирана на 45 доброволци, ветува дека може да овозможи имунитет на коронавирусот.
Се наведува дека е забележано дека во крвта на лицата кои примиле вакцина се развиени антитела кои го уништуваат коронавирусот, во таа мерка колку што се присутни и кај лицата кои се излекувале од Ковид-19.
Забележано е дека вакцината нема сериозни нуспојави, но повеќе од половина учесници во тестирањето покажаа симптоми слични на грип, што беше слично со другите симптоми од вакцината како замор, главоболка, покачена температура, но ништо невообичаено.
Завршната фаза на работата на потенцијалната вакцина за Ковид-19 ќе започне на 27 јули, а ќе се тестира на 30.000 лица, што е воедно и досега најголемо истражување на вакцината за Ковид-19.
Во првата фаза вакцината е тестирана на млади лица, додека во последната фаза ќе биде тестирана на повозрасни, односно на лица со хронични заболувања.