Furkan Abdula
21 Јули 2021•Ажурирај: 22 Јули 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 15 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.965, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие не се регистрирани нови починати лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата остана ист, односно изнесува 5.488.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 150.243.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 234.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.550 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 935.282 тестирања