Ömer Faruk Yıldız
20 Октомври 2021•Ажурирај: 21 Октомври 2021
ЖЕНЕВА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека новите видови случаи на коронавирусот Ковид-19 во Европа се зголемени за 7 проценти во последната недела во споредба со претходната недела, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во неделниот извештај „Ковид-19“, објавен од страна на организацијата, наведени се зголемените случаи и смртните случаи во светот.
Се наведува дека во минатата недела 2,7 милиони луѓе во светот биле позитивни на Ковид-19, а починале 46.000 луѓе.
Во последната недела, најголемите намалувања се регистрирани во африканските земји од 18 проценти и западните пацифички региони со 16 проценти.
И покрај недостигот на вакцини, во извештајот се потенцира дека во Африка се намалени случаите со Ковид-19.
Меѓу другото, се нагласува дека во Европа во последната недела регистрирани се 1,3 милиони нови случаи. Случаите на Ковид-19 се зголемени во повеќе од половина европски земји.
Исто така се наведува дека случаите на Ковид-19 во Европа се во пораст веќе три недели и дека се зголемени за 7 проценти во последната недела во споредба со претходната недела.
Според извештајот, единствениот регион во светот каде што случаите се зголемени е Европа.