Handan Kazancı
21 Декември 2020•Ажурирај: 22 Декември 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција започна со тестирање на патниците кои пристигнаа од Велика Британија рано утринава поради новата варијанта на коронавирусот, откако здравствените власти во Велика Британија потврдија дека рапидно се шири во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Земени се податоци за контактите на патниците и од нив се побара да се самоизолираат.
Турција се приклучи на другите европски земји доцна синоќа во забраната на летови од Велика Британија и други земји поради загриженост за брзото ширење на новата варијанта на коронавирусот.
Во соопштението на турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, преку Твитер, тој истакнува дека како дел од мерките, сите патници кои се на летовите што се на пат ќе бидат тестирани и ќе се применат правилата за карантин кога ќе пристигнат.
„Мерките се спроведуваат со целосна координација“, додаде Коџа.
Потегот е преземен кога и неколку европски земји, меѓу кои и Франција, Германија, Италија и Австрија, објавија прекин на летовите од Велика Британија поради веста за варијантата на коронавирусот.
Светската здравствена организација (СЗО), исто така, побара од европските земји двојно да ги зголемат своите здравствени мерки во услови на ширењето на новата варијанта.