Hakan Çopur
08 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
ВАШИНГТОН
Американскиот државен секретар за надворешни работи Мајк Помпео, својата прва посета во странство од почетокот на пандемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19) ќе ја реализира на 13 мај во Израел, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение на Стејт департментот, Помпео на 13 мај ќе го посети Израел.
„Помпео со премиерот (на Израел) Бенјамин Нетанјаху и портпаролот на Кнесетот, Бени Ганц, ќе разговара за прашањата околу регионалната безбедност и за борбата на Израел против Ковид-19“, се наведува во ова соопштение.
Во соопштението се вели дека Соединетите Американски Држави (САД) во периодот на администрацијата на Доналд Трамп е најсилниот сојузник на Израел.
Во ова соопштение не се дадени други детали во врска со посетата.
Помпео ќе биде првиот странски функционер кој ќе го посети Израел во периодот на пандемијата.
Привлекува внимание фактот дека оваа посета се совпаѓа со периодот кога Нетанјаху се очекува да ја соопшти одлуката за анектирање илегалните еврејски населени места на Западниот Брег.