Admir Fazlagic
25 јули 2017•Ажурирај: 25 јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - Младинскиот камерен орекстар на Меѓународната турска културна организација - ТУРКСОЈ, во присуство на голем број љубители на класичната музика вечерва во Скопје одржа концерт на чиишто реперотар се најдоа познатите дела од светската класична музика, како и дела на турски композитори, јавува Anadolu Agenncy (AA).
На вечерашниот концерт кој се одржа во комплексот на еден хотел во Старата скопска чаршија во организација на ТУРКСОЈ и Амбасадата на Турција во Македонија, покрај љубиелите на овој вид музика присуствуваа амбасадорката на Турција во земјава Тулин Еркал Кара, генерален секретар на ТУРКСОЈ Дусен Касеинов, амбасадор на Азербејџан во Македонија Фаиг Багиров, претставници на турски здруженија и организации и бројни гости.
Амбасадорката Кара рече дека ТУРКСОЈ, која е позната како УНЕСКО на турскиот свет, со своите активности од нејзиното основање работи на зацврстување на братсвото меѓу турските народи, промовирање на турската култура во светот и оставање наследство за идните генерации.
Генералниот секретар на ТУРКСОЈ Дусен Касеинов рече дека оваа културна организација е основана во 1993 година и од тогаш презема важни чекори во полето на зачувување на културното богаство кое се пренесува на идните генерации. Истакна дека младинскиот камерен оркестар, младинскиот хор и оркестарот на народни инстурменти, кои се дел од ТУРКСОЈ, се основани од страна на оваа организација и работат на спомнатите полиња.
„Музиката е нашата инспирација како одраз на нашиот имагинарен свет", рече Касениов, додавајќи дека размената на искуствата на уметниците е многу важна.
Потсети дека оваа година се слави 25. годишнина од воспоставување на дипломатските односи меѓу турските републики, како и дека верува оти ваквите настани ќе придонесат за подобрување на пријателство и дијалог, мир меѓу културите и промовирање на турската музика во светот преку концерти.
По настапите во Македонија, камерниот оркестар „Турксој“ ќе одржи концерти и во Охрид, Подгорица, Мостар, Сараево и Белград.
Во рамките на 57 издание на „Охридско лето“, Младинскиот камерен оркестар „Турксој“, како дел од балканската турнеја, на 26 јули ќе одржи целовечерен концерт во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
- Младинскиот Камерeн оркестар ТУРКСОЈ
Младинскиот Камерен оркестар ТУРКСОЈ е формиран во 2010 година од страна на турскиот владин фонд за поддршкаа. Во него членуваат талентирани музичари кои студираат конзераториум на универзитетите од земјите членки на ТУРКСОЈ (Турција, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Узбекистан, Туркменистан и претставници од автономни региони на Руската Федерација. Овој оркестар, покрај делата од светската класична музика, изведува и дела од турски композитори.
Оркестарот досега има издадено 2 музички албуми и има одржано повеќе од 40 соло концерти во важни музички центри во светот. Оркестарот имаше своја изведба и во театарот „Шелдониан” на Универзитетот Оксфорд, кој претставува една од најпрестижните образовни институции во светот.
Исто така , оркестарот имаше концерти и во Единбург, Шкотска, Германија, САД и други земји.