Bekim Laci
13 Декември 2015•Ажурирај: 16 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Триесет дизајнери и креативни занаетчии од Македонија, денес ја претставија својата работа во рамките на манифестацијата "КрафтАРТ фест", на посетителите им понудија изложување но истовремено и можност за купување на рачно изработените производи, јавува Anadolu Agency (АА).
Посетителите на фестивалот на уметнички занаети може да видат традиционални и современи локални артикли, како што се керамика, накит, папучи, и други предмети, додека според организаторот, настанот им дава можност на граѓаните да се запознаат со уникатните рачно изработени производи, како и можност на занаетчиите да ги продадат своите производи, бидејќи некои од нив ги продаваат само во текот на настаните, како што е овој денес.
Весна Аврамовска, директорката на Македонска Артисанска Трговска Асоцијација (МАТА), за Anadolu Agency (АА), рече дека ова е 15-та година откога започнале со нивната работа, додека нивната крајна цел, како што рече Аврамовска, е развојот на овој бизнис сектор преку помошта која тие им ја нудат на своите занаетчии преку промовирање ги своите дела.
"Ова е еден од најуспешните настани одржани во текот на годината за оваа група на производители. Се одлучува за местото и се очекува најдобриот период за организирање на овој настан со цел да има подобра продажба", рече таа, и додаде дека секој ден сè повеќе и повеќе луѓе ја сфаќаат важноста на купувањето на рачно изработените производи, за да заклучи дека се стигнати до одреден степен за да навлезат во свеста на купувачите.
Производителот на уникатни предмети, Иво Наумовски, кој учествуваше на овој настан, за Anadolu Agency (АА) изјави дека ги продава своите производи само на саеми и фестивали, само поради тоа што, како што објасни тој, тоа се уникатни производи кои не се произведуваат масовно за што би му била потребна продавница.Тој вели дека влегол на пазарот поради тоа што има луѓе кои ја ценат уникатноста.
"Повеќето луѓе избираат масовно производство, поради нивната поевтина цена, но тоа никако не може да се спореди со рачната изработка, бидејќи секое парче е уникатно и зема време за да се направи. Меѓутоа, изгледа поубаво од она што е масовно производство", рече Наумовски .
Во текот на денешниот ден ќе се организира и продажба на производи кои ќе бидат донација од дизајнерите и занаетчиите, собраните средства ќе бидат искористени во добротворни цели.