Murat Birinci
24 Март 2020•Ажурирај: 25 Март 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - „Халкбанк“ Турција соопшти дека ќе обезбеди 25 илјади лири (околу 4 илјади долари) паричен кредит во готово и 25 илјади лири поддршка на комерцијални картички за сите мали трговци и занаетчии кои досега не искористиле кредитни линии, без никаква дискриминација, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на „Халкбанк“ се истакнува дека ќе продолжат да ја поддржуваат реалната економија во рамките на „Заштитата на економска стабилност“ и дека во тие рамки подготвен е Пакетот за поддршка на трговците и занаетчиите со цел да ги поддржат нивните економски активности во процесот на борба против новиот вид коронавирус, Ковид-19.
Пакетот за поддршка е со цел да се заштити економската стабилност во земјата, во време кога се води борба против епидемијата во земјата.
Во рамките на Пакетот за поддршка на трговците и занаетчиите, „Халкбанк“ ќе обезбеди 25 илјади лири (околу 4 илјади долари) паричен кредит и 25 илјади лири поддршка на комерцијални картички за сите мали трговци и занаетчии, кои досега не искористиле кредитни линии, без никаква дискриминација.
Кредитот ќе се враќа во рок од 36 месеци со грејс-период од 6 месеци.