Ivana Ramadanova
30 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) – Турскиот театар од Скопје на фестивалот „Охридско лето“ вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Кралот Лир“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Диего де Бреа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Заради интимноста што ја има претставата, таа ќе се одигра во затворен простор, на сцената на Центарот за култура во Охрид. Ќе има минимална сценографија, мошне едноставна костимографија, одлични актери и еден од најдобрите балкански, но и европски режисери, Диего де Бреа, кој е чест гостин на „Охридско лето“.
Во театарската претстава „Кралот Лир“ ќе играат актерите Џенап Самет, Несрин Таир, Осман Али, Зубејде Али, Ерман Шабан и Ебру Мусли. Сценографијата и костимографијата се на Благој Мицевски, а музиката е избор на режисерот де Бреа.
Претставата ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток од 21 часот.