Mustafa Keleş
30 Јули 2017•Ажурирај: 31 Јули 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во Њујорк отворена е трајна изложба, посветена на кукларот Џим Хенсон, на која се претставени се ликови од куклената серија „Улицата Сезам”, како што се жабата Кермит, Голема Птица, Мис Пиги и Куи Монстер, јавува Anadolu Agency (AA).
Музејот на подвижни слики (Museum of Moving Images) сместен во подрачјето на Асторија, отвори трајна изложба, посветена на Џим Хенсон кој почина во 1990 година, со цел да се сочува сеќавањето на овој познат куклар и запознавање на новите генерации со ликовите на популарната серија.
Изложбата е отворена минатата недела, а опфаќа повеќе од 300 предмети, меѓу кои и 47 кукли.
Освен тоа, на изложбата се претставени и други предмети од филмовите и куклените серии за кои се заслужни Хенсон и неговата екипа, меѓу кои се наоѓаат „The Muppet Show“, „Fraggle Rock”, „The Dark Crystal“ и „Labyrinth”.
Томоко Кавамото, менаџерка на Музејот, за АА изјави дека изложбата многу придонесува кон градот Њујорк и дека голем дел од предметите на изложбата се отстапени од страна на семејството Хенсон.
Кавамото рече дека цел на изложбата е претставување на уметничкото минато на Хенсон и додаде дека овој уметник е еден од лидерите во куклената и телевизиската продукција.
Таа нагласи дека Хенсон соработувал со многу успешна екипа и дека делата кои заеднички ги изработиле и денеска влијаат на младите генерации. Таа истакна дека тоа се причините поради кои записите, видео-клиповите, нацртите, сценаријата и филмските ленти сега им се претставени на јавноста.
Според нејзините зборови, сите кукли на изложбата се оригинални, но додаде дека некои ликови имаат неколку копии.
Покрај тоа, на изложбата е можно да се види и времето во кое настанале кулките и во кои филмови и епизоди се користени.
Кавамото додаде дека постои можност одредени кукли да бидат сменети, а некои од нив, на одреден период ќе бидат дел од други изложби.
Таа истакна дека интерес за изложбата не покажуваат само децата, туку и возрасните.
„Возрасните се возбудени кога ги гледаат ликовите со кои израснале. Оние кои ја посетиле изложбата се среќни што во живо можат да ги видат ликовите од своето детство, како што се Кермит, Големата Птица и целата екипа од „Улицата Сезам”, додаде Кавамото.
Таа зборуваше и за другата трајна изложба на музејот под наслов „Behid the Screen” (Зад екранот).
Кавамото рече дека од таа изложба е отстранет познатиот џемпер на Бил Козби, нај кому му се суди поради злоупотреба.
Костимите и другата опрема, користени во популарни филмови и понатаму се дел од трајната изложба, а одделни предмети повремено се праќаат на одржување, додека дел од нив биваат заменети со опрема од други филмови.