Stipe Mayiç
04 Март 2016•Ажурирај: 05 Март 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Денеска во паркот во Загреб "Зрињевац" отворена е изложба на фотографии и саем на локални производи од селата и градовите по должината на реката Сава, јавува (AA).
Проектот "Сава култура Натура" трае веќе година дена, а денешниот саем и изложба се само финалето на овој проект.
"Ние не можеme да ja заштитиме вредноста на природата, ако не се заштитат традиционалните практики со кои луѓето во оваа област се занимаваат", велат организаторите на саемот.
На изложбата се презентирани традиционални носии, кулинарски специјалитети и етно-производи од речиси сите локации кои се наоѓаат по должината на западниот дел на Сава.
Саемот за производи ќе биде отворен само денес, а изложбата на фотографии "Сава - средба на културата и природата", која на отворено ја презентира биолошката и културната разновидност, ќе биде презентирана десет дена, до 14-ти март.