Stipe Mayiç
09 февруари 2016•Ажурирај: 10 февруари 2016
ЗАГРЕБ (АА) - Хрватскиот министер за внатрешни работи Влахо Орепиќ и генералниот директор на полицијата Владо Доминиќ, испратија над 15 полициски службеници во Македонија, кои ќе учествуваат во заедничко полициско профилирање на мигрантите кои сакаат да влезат во земјите на Европската унија, јавува Anadolu Agency (АА) .
Орепиќ рече дека ова е одлука според договорот постигнат на состанокот на директори на полициите на земјите од бегалската рута, каде што беше договорено да се испрати заедничка полициска поддршка на македонската граница.
Министерот истакна дека во процесот на профилирање на мигрантите ќе учествуваат сите земји низ кои минува бегалската рута, Србија, Македонија, Австрија и Хрватска, кои заеднички ќе ги делат и трошоците.
"Се надевам дека со заедничко профилирање ќе елиминираме голем број проблеми кои се јавуваат во текот на извршувањето на оваа работа", рече Орепиќ.
Министерот порача дека во профилирањето ќе учествуваат 20 хрватски полицајци и полицајки со пет возила и со одредена техника, а според потребата на теренот, тој број ќе се зголемува или ќе се намалува.
Министерот рече дека со овој чин полицијата се движи "кон подобра и похумана насоченост кон оние луѓе кои го минуваат својот крстопат".
"Во овој момент, во Хрватска веќе нема регистрирање на бегалци", рече министерот Орепиќ.
Генералниот директор на полицијата на Владо Доминиќ рече дека целта е бегалците да се транспортираат со возови од границата на Македонија до границата со Австрија. Доминиќ рече дека Хрватска понудила помош во храна за бегалците во текот на нивното патување да не излегуваат од возот а исто така, ќе биде обезбедена и медицинска помош за оние кои, како резултат на одредена медицинска процедура треба да слезат од возот, а по добивањето на соодветната медицинска помош да се качат на следниот воз.
Мигрантите ќе се пропуштаат од Македонија кон земјите од ЕУ доколку доаѓаат од региони зафатени со војна и доколку бараат азил во Германија, Австрија или на пример во Хрватска.