Ekipa
29 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
САРАЕВО (АА) – Медицинскиот персонал во земјите на Западен Балкан ги напуштаат земјите каде што се родени и израснати поради ниските плати и недоволниот развој, и бираат да се преселат во поразвиените земји од Западна Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Зголемената стапка на иселување на лекарите од Западен Балкан во земјите на Западна Европа достигна загрижувачко ниво за земјите во регионот. Повеќе од илјада доктори од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Албанија и Црна Гора се иселуваат во земјите на Западна Европа на годишно ниво.
Главната причина за иселувањето на луѓето со бели мантили во земјите коишто нудат подобри услови во Западна Европа е попреченоста во здравствениот систем ниските плати во нивните земји.
Според податоците од 2016 година, 500 лекари од Македонија, 350 од Босна и Херцеговина, 130 од Албанија и 20 лекари од Црна Гора заминале во земјите на Западна Европа. Од друга страна во последните 3 години, 525 лекари од Хрватска заминале во поразвиените земји на Европската Унија, додека само во текот на минатата година 599 лекари од Србија аплицирале во соодветни институции за добивање на сертификати за да работат како лекари во странство.
Овој проблем со кој што се соочуваат земјите од регионот отвара сериозни проблеми за здравствениот систем на помалите земји како што е Црна Гора. Во помалите земји, заминувањето на дури и само еден специјалист, доведува до голем недостаток во здравствениот систем на таа земја.
Во оваа миграција сè повеќе се вклучуваат и младите лекари.
Десетици медицински студенти кои што не можат да најдат поволни услови во своите земји, по дипломирањето заминуваат во други земји како што се Германија, Англија, Словенија, Швајцарија, каде што подобро функционира здравствениот систем.
- Мора да се запре одливот на мозоци -
Сериозноста на ситуацијата во здравствениот сектор се забележува и во изјавите на земјите од Западен Балкан во последниот период.
Во извештајот на Лекарската Комора на Хрватска (ЛКХ) се наведува дека 525 лекари заминале од Хрватска по нејзиното зачленување во ЕУ, 1 јули 2013 година.
ХЛК испрати повик до властите да се истражуваат причините на овој тренд кој што добива сè поголем замав, и истакна дека што поскоро треба да се запре одливот на мозоци.
Според Сојузот на Лекари во Албанија, 160 лекари добиле сертификат за добро однесување во текот на 2016. година, и истиот документ служи за аплицирање за работа во странство. 145 лекари заминале во 2014. година, додека во 2015. година 130 лекари заминале од Албанија.
Синдикатот на Лекарите во Црна Гора соопшти дека ако не се запре заминувањето на медицинскиот персонал, здравствените услуги ќе почнат да се вршат под концесија.
Во соопштението се наведува дека според европските стандарди на секои 100 илјади жители треба да спаѓаат по 335 лекари, додека овој број во Црна Гора изнесува 115 и дека Црна Гора има потреба уште од 700 лекари низ територијата на целата земја.
Ако не се спречи заминувањето на лекарите коишто почнаа да претставуваат сериозен проблем за земјите од Западен Балкан, се стравува дека здравствениот систем на овие земји ќе се соочи големи проблеми во непосредна иднина.