İsmail Özdemir
05 Ноември 2016•Ажурирано: 06 Ноември 2016
АНКАРА (AA) – Премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим, во телефонски разговор со претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, порача дека случувањата во Турција на европската јавност ѝ се претставуваат на искривен начин, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сознанијата на АА од дипломатски извори, Јилдирим синоќа објави телефонски разговор со претседателот на Европскиот парламент, при што го информираше за последните случувања во Турција.
Јилдирим во таа прилика истакна истакна дека одредени кругови во Европа врз основа на неточни и недоволни информации, како и врз основа на невтемелени предрасуди се изнесуваат неточни заклучоци за последните случувања во Турција. Нагласи дека судството во неговата земја е независно, како и дека своите одлуки ги донесува врз основа на принципите на поделба на власта и владеење на правото. Потсети исто така, дека Турција води борба против терористичките организации ФЕТО и ПКК.
Јилдирим исто така порача дека јавноста во Турција е загрижена поради искривеното претставување на случувањата во Турција на европската јавноста, како и пружање на поддршка на одредени политички кругови кои го поддржуваат тероризмот.
„Турција со решителност продолжува кон целта на членство во Европската унија", порача Јилдирим и изрази желба за јакнење на дијалогот помеѓу институциите на Турција и ЕУ.
Шулц порача дека за продлабочување на соработката помеѓу ЕУ и Турција која се темели на заеднички вредности и интереси.
Порача дека Турција е битен партнер за целата Европа, како и дека во таа смисла природно е да се следат случувањата во Турција. Како што нагласи, многу е важно разбирањето на двете страни.