Bayram Altuğ
06 Март 2018•Ажурирај: 06 Март 2018
ЖЕНЕВА (AA) - Обединетите нации (ОН) соопштија дека режимот на Башар ал Асад извршил серија воени злосторства, како што се користење хемиско оружје врз цивилите во Источна Гута, изгладнување на цивилното население и медицински евакуации, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓународната независна сириска комисија за истражување на ОН објави извештај за истрагите околу прекршување на човековите права во Сирија помеѓу јули 2017 и јануари 2018 година.
Претседателот на Комисијата, Пауло Сержио Пинеиро, на прес-конференција во Канцеларијата на ОН во Женева, изјави дека добиле голем број извештаи оти режимот реализирал напади со гасот хлор во Источна Гута, која е под контрола на опозицијата.
- „Меѓународното право е прекршено“ -
Пинеиро наведе дека како Комисија започнале истрага околу наводите дека режимот употребувал отровен гас хлор во регинот Саракиб, во Идлиб и во Источна Гута во регионот Дума.
Исто така, Пинеиро изрази загриженост во врска со хуманитарната ситуација во Источна Гута и Идлиб, посочувајќи дека постои сериозна повреда на меѓународното право во регионот. „Во Источна Гута не се случува само хуманитарна криза бидејќи помошта (на цивилите) е блокирана. Овие опсади вклучуваат и меѓународни злосторства, како што се случајно бомбардирање и намерно изгладување на цивилното население“.
- „Режимот продолжува да користи хемиско оружје“ -
Комисијата во извештајот за Сирија објави дека режимот на Асад извршил серија жестоки воени злосторства во Источна Гута, како што се користење хемиско оружје против цивилите, изгладнување на цивилното население и медицински евакуации.
Силите на режимот го користеле истиот метод за изгладнување на луѓето како во Мадаја минатата година, што е воено злосторство. „Владините сили продолжија да користат хемиско оружје против вооружените групи во Источна Гута, а Комисијата ја докaжа употребата на хемиско оружје против борците на Ахрар аш Шам во Хараста“, се наведува во извештајот.
- Обвинение за Русија -
Во извештајот на Комисијата, исто така, се предупредува дека бомбашки напад каков што беше извршен од руските воздухопловни сили на 13 ноември минатата година, во областа Атареб, во источниот дел на Алепо, кога загинаа 84 цивили, спаѓа во рамките на воени злосторства.
Извештајот подготвен од Комисијата ќе биде претставен на 37-тата седница на Советот за човекови права, која е во тек во Канцеларијата на ОН во Женева.