Bayram Altuğ
06 Март 2018•Ажурирај: 07 Март 2018
ЖЕНЕВА (AA) - Обединетите нации (ОН) порачаа дека дури и хуманитарната помош која се праќа во Источна Гута неретко е мета на нападите на претседателот Башар ал-Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорникот на ОН за хуманитарни прашања Јенс Лаерке за АА рече дека на подрачјето на Источна Гута се случува вистинска хуманитарна драма.
Изрази песимизам за прашањето на праќањето на хуманитарна помош во Источна Гута доколку силите на Асад продолжат со нападите на тоа подрачје.
Потсети дека поради нападите на Асадовите сили конвојот на ОН во понеделник веднаш морал да се врати од Дума, град во опколена енклава во Источна Гута, иако не успеал да ја подели ниту доставената помош.
„Вчера на тоа подрачје сведочевме на вистинска човечка драма. Во моментите кога конвојот пристигна во градот продолжени се нападите и затоа моравме да се повлечеме. Порано добивме дозвола за достава на хуманитарна помош за околу 70 илјади цивили. Вчера се обидовме да доставиме помош а околу 25 илјади цивили, но некои камиони сепак мораа да се вратат. Токму поради тоа немаме прецизни податоци за тоа колку цивили воопшто добиле помош. Повторно апелираме на почитување на примирјето во Источна Гута", рече Лаерке.
Истакна дека во четврток на тоа подрачје намераваат да испратат нов конвој на хуманитарна помош доколку режимот на Асад им гарантира сигурност.
Од друга страна, Кристоф Булиерац, гласноговорник на УНИЕФ, рече дека во Источна Гута станало секојдневие цивилите повеќето од времето да го поминат во подземни засолништа.
Истакна дека во подрумите на некои згради живее и по неколку стотини цивили за да се заштитат од бомбашки напади.
Нагласи дека само од почетокот на оваа година во Сирија загинале најмалку илјада деца.
Источна Гута која под контрола ја држат силите на сириската опозиција, а која веќе шеста година е под опсада на силите лојални на режимот на Асад. Околу 400 000 цивили во Источна Гута се соочени со секојдневни напади и се борат за преживување.