Selen Temizer,Nazlı Yüzbaşıoğlu
16 Март 2018•Ажурирај: 17 Март 2018
АСТАНА (AA) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, на состанокот на министрите во Астана, рече дека ситуацијата во Сирија е подобра отколку во претходните години и додаде дека тие разговарале околу загрижувачката состојба во Источна Гута и околу темите за разликување на терористите од умерените сили и цивилите, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата со министрите за надворешни работи во Астана, која беше на тема „Сирија“, Чавушоглу присуствуваше на ручек што беше организиран од неговиот казахстански колега Кајрат Абдрахманов во чест на министрите за надворешни работи на земјите гаранти.
„Во преговорите што се случија денес, како министри за надворешни работи уште еднаш ја истакнавме нашата посветеност на процесот за решение и прекин на огнот, и доставување хуманитарна помош“, рече Чавушоглу, и му се заблагодари на Назарбаев за гостопримството.
Чавушоглу потсети дека работната група за воздржаност и мерки за градење доверба се сретна за првпат вчера и изјави дека се надева оти оваа работна група ќе продолжи да работи во иднина.
Изјавувајќи дека сакаат да го зачуваат импулсот добиен во Астана, Чавушоглу истакна дека сочинските состаноци ќе продолжат да се одржуваат кај трите земји гаранти.
„Ситуацијата на терен е подобра од претходните години. Но загрижени сме поради најновите случувања во Источна Гута. Денес разговаравме како да постигнеме прекин на огнот и како да ги разликуваме терористите од невините цивили и умерените сили. Ние веруваме дека политичко решение може да се постигне во Сирија со нашите искрени и заеднички напори“, посочи министерот.