Fuat Kabakcı
16 Февруари 2022•Ажурирај: 16 Февруари 2022
АНКАРА (АА) ‒ Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, е заразен со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Чавушоголу на Твитер напиша дека денеска добил позитивен тест на Ковид-19.
„Му благодарам на Бога, болеста полесно поминува. Некое време ќе работам оддома“, објави Чавушоглу.
Тој на сите заразени со вирусот им посака брзо закрепнување.