Hakan Çopur
19 Ноември 2016•Ажурирано: 20 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган во интервјуто за емисијата „60 минути“ која се емитува на американскиот телевизиски канал CBS говореше за важни теми почнувајќи од турско-американските односи, Сирија, трористичката организаиција ФЕТО, како и за обидот за државен удар, јавува Anadolu Agency (AA).
Истакнувајќи дека во последно време е разочаран од некои американски политики претседателот Ердоган зборуваше за очекувањата од новата администранција на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
- Екстрадицијата на лидерот на ФЕТО, Ѓулен и Сирија
Ердоган ја критикуваше администрацијата на САД поради тоа што, и покрај факто што лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен, се обиде да изврши државен удар тој без никаква истрага продолжува да живее во САД.
„Турскиот народ е вознемирен поради фактот што Ѓулен се уште продолжува да живее во САД", нагласи Ердоган.
Меѓу другoто, Ердоган истакна дека голем извор на загриженост пристапот на администрацијата на Обама во однос на кризата во Сирија. Турскиот претседател рече дека овие политики придонесоа да се појават безбедносните ризици во јужниот дел на границата на Турција.
Тој рече дека во врска со прашањето за Сирија го информирал и претседателот Барак Обама и потпретседателот Бајден, но како што наведе Ердоган „тие не успеаа овие прашања да ги разгледат на сериозен начин и ова не вознемири нас.“