Ekip?
13 Декември 2017•Ажурирај: 14 Декември 2017
ИСТАБУЛ (АА) - Во декларацијата по Самитот на исламските земји во Истанбул е наведено дека во случајот на пасивноста на Советот за безбедност при ОН (за Кудс) подготвени се за дискусија пред Генералното собрание на ОН, јавува Anadolu Agency (AA).
„Изјавата на американската администрација во врска со статусот на Кудс ја отфрламе и ја осудуваме“, наведено е во декларацијата објавена по самитот одржан денес во Истанбул.
Претставниците на земјите-членки на Организацијата за исламска соработка (OIC) го повикаа светот да го признае Источен Кудс за главен град на Палестина.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, на 6 декември ја донесе одлуката за признавање на Кудс како главен град на Израел што повлече остри реакции од целиот свет, особено од исламските земји.
„Потврдуваме дека ја признаваме Палестина со Источен Кудс како главен град“, се наведува во декларацијата на Самитот на Организацијата за исламска соработка (OIC).
Основањето на ОИС, која се состои од 57 земји-членки од четири континенти, по ОН, е најголема меѓународна организација којашто се потпира на важноста што исламскиот свет му ја придава на градот Кудс.
Организацијата за исламска соработка (OIC) е основана со одлука на шефовите на земјите и владите на исламските земји собрани во Рабат, Мароко, откако во 1969 година беше запален комплексот Ал Акса, кој е од особена важност за муслиманите.
Комплексот Ал Акса на 21 август 1969 година го запали христијанскиот екстремист Мајкл Денис Рохан. Во пожарот изгоре михработ на џамијата на Киблата и минберот стар речиси илјада години. Рохан верувал дека уништувањето на џамијата ќе го забрза доаѓањето на Месијата и беше дел од редот на „Church of God“ (Божјата Црква). Подоцна е објавен медицински извештај во кој се наведува дека Рохан не бил психички добар.