Servet Günerigök
30 декември 2015•Ажурирај: 02 јануари 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Поради обилните снежни врнежи кои денеска го зафатија Истанбул, турската авиокомпанија Туркиш Ерлајнс откажа повеќе од 140 летови на двата аеродроми во градот, јавува Anadolu Agency (АА).
Според соопштението објавено на веб-сајтот на авиокомпанијата, за денеска и утре се откажани 142 домашни и меѓународни летови од аеродромите "Ataturk" и "Sabiha Gokcen"
Се работи за повеќе домашни летови, додека летовите кон Европа и кон Блискиот Исток, исто така, се загрозени. Исто така, издадено е предупредување за сите патници дека обилни врнежи на снег се очекуваат утре, на 31 декември.