Ekipa
29 Јануари 2017•Ажурирај: 30 Јануари 2017
ТОРОНТО (AA) - Откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп забрани влез на бегалците во Соеднитетите Американски Држави (САД), премиерот на Канада Џастин Трудо, им порача на бегалците: ‚‚Канада ќе ве прифати“, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Канада, откако Трамп ја воведе забраната за издавње визи за бегалците од повеќето муслимански земји, се огласи на својот официјален профил на Твитер.
‚‚Оние што бегаат од прогонот и теророт сакам да им порачам: Канада ќе ве прифати, без оглед на религијата. Во различноста е нашата сила. Добредојдовте во Канада“, напиша Трудо.
Заедно со пораката објави и фотографија од 2015. година на која дочекува дете од Сирија на аеродромот во Торонто.
Откога е избран на местото премиер, Трудо најави дека Канада ќе прифати над 39.000 бегалци од Сирија.
Тој додаде дека има намера да разговара со Трамп за успесите што ги има постигнато канадската политика за бегалците.
‚‚Премиерот смета дека може да говори за успесите на канадската имиграциона и бегалска политика со американскиот претседател на следниот состанок“, истакна портпаролката на канадскиот премиер Кејт Пурчис додека јавноста очекува наскоро Трудо да ја посети Белата куќа.
Трудо одбегна да го критикува новоизбраниот претседател Трамп со тоа избегнувајќи да стане ‚‚цел“ како Мексико, со оглед на тоа што над 75 отсто од канадскиот извоз оди во САД.
Поддршка на Трудо му даде и конзервативниот премиер на канадската провинција Саскачеван, Бред Вол.
„Саскачеван минатата година вдоми 2.000 бегалци. Подготвени сме да ѝ помогнеме на владата, на сите оние кои се опфатени со забраната на Соединетите Американски Држави“, напиша Вол на својот профил на Твитер. Своја поддршка даде и градоначалникот на Торонто Џон Тори.
‚‚Знаеме дека ние Канаѓаните - скоро сите сме имигранти и никој не треба да се исклучи врз основа на етничката или национална пропадност“, напиша Тори.
Трамп во петокот потпиша одлука за забрана на влез во САД на граѓаните од муслиманските земји поради наводното ‚‚спречување на радикални исламски терористи“.
Бегалската криза во Сирија стана една од главните теми во Канада во текот на изборите кон крајот на 2015. година, особено кога во светската јавност беше објавена потресната фотографија на безживотното сириско детенце Ајлан Курди, кој стана симбол на бегалската сириска криза.
Се испостави дека роднини на детенцето живеат во Канада. Неговата тетка Тима Курди американската забрана ја нарече нехумана и истана дека е горда што е Канаѓанка.