Özcan Yıldırım
30 Јули 2016•Ажурирај: 31 Јули 2016
АНКАРА (AA) – Секој месец на страницата на Anadolu Agency (AA) се избираат најдобрите фотографии и видеозаписи. За месец јули избрани се најдобрите фотографии и видеозаписи – фотографии снимени за време на текот на обидот за државен удар изведен на 15 јули.
Фотографијата на две жени зад волан на камион, на авторот Мунир Закироглу, фотографијата снимена на „Мостот на шехидите од 15 јули“, некогаш познат само како Босфорски мост на авторката Елиф Озтурк, фотографија пред Генералштабот на Турција од авторот Ѓокхан Балчи и видеозаписот со Мустафа Зоров, на снимателот Месут Танкулу, избрани се за најдобри за месец јули.
Генералниот директор на АА Шенол Казанџи рече дека Anadolu Agency (AA), како и голем дел од медиумите во Турција успеаја во големата задача на следење на настаните на 15 јули и на она што следуваше по обидот за државен удар.
„Особено им се заблагодарувам на фоторепортерите и на камерманите на АА кои во текот на обидот за удар на улиците го забележаа предавството на пучистите. Тие многу убаво го овековечиле отпорот на нашиот народ на обидот за удар. Секоја фотографија и видеозапис се посебни, но овој месец без гласање на јавноста сакавме да ги избереме овие три фотографии и видеозаписот на чичко Мустафа од Казан“, рече Казанџи кој повторно им се заблагодари на сите кои во вестите, фотографиите и видеозаписите овозможиле да се забележи храбриот отпор на народот.
Казанџи потсети дека фотографијата на двете жени зад волан од камион стана симбол на народниот отпор.
Фотографијата е снимена на централниот истанбулски плоштад Таксим.
„Мислам дека фотографирав сè и секого. Сè додека не го видов камионот што превезува десетици луѓе – веднаш истрчав таму и почнав да фотографирам. Кога поминав пред него, се сретнав со прекрасна глетка. Постара жена возеше камион, а до неа седеше друга постара жена. На камионот се наоѓаа и десетина луѓе. Тоа морав да го фотографирам. Во моментот почувствував дека тоа е поентата на целиот отпор“, рече фоторепортерот Мунир Закироглу.
На таа фотографија емотивно реагираше и премиерот на Турција Бинали Јилдирим.
Вредноста на фотографијата на Елиф Озтурк ја забележаа и медиумите низ целиот свет.
Озтурк рече дека бил сведок на загинување на цивили на 15 јули и дека на 21 јули сведочеше на прославата на победата на човековите права на Мостот на шехидите во Истанбул.
„Вечерта на 21 јули, граѓаните почнаа да се собираат на мостот за да протестираат против обидот за удар изведен на 15 јули. Подоцна видов дека илјадници луѓе доаѓаат на мостот. Без размислување се качив на најблиската височинка. Тука со постојано менување на позицијата се обидував да фотографирам“, истакна Озтурк.
„Луѓето пред мене мавтаа со знамињата. Тогаш размислував како можам да снимам добра фотографија. Минав зад луѓето што мавтаат со знаме, а одзади се простираше погледот на мостот. Обидот за удар заврши каде што започна“, истакна Озтурк.
Фотографијата на Ѓокан Балчи на која е прикажан отпорот на народот на пучистите пред Генералштабот на Турција, исто така, е избрана за една од најдобрите.
Како што вели тој, мислел дека глетката со која се сретна пред Генералштабот е сон, ноќен кошмар.
„Пучистите кои беа дел од предавството, го вперија оружјето во граѓаните. Тие кои мислеа дека со пукањето во невини луѓе ќе ја растераат толпата, брзо сфатија дека се излажаа. Стотици илјади луѓе рекоа „не" на ударот и со знамињата на Турција во рацете ѝ се спротивставија на предавничката мрежа“, рече Балџи.
Тој нагласи дека пучистите на подрачјето на кое загинаа десетици луѓе, беа поразени пред волјата на народот.